РИСТОСКА: Не ја знаеме иднината на предметите на СЈО

Обвинителкaта од СЈО Ленче Ристовска по завршување на средбата на работната група околу Законот за јавно обвинитeлcтво во куса изјава за медиумите кажа дека ситуацијата со СЈО се уште е неизвесна.

– Во моментов не можам да ви дадам конкретен одговор, тоа е предмет на усогласување. Како што ви кажав, во моментот кога ќе имаме информација, ќе ја објавиме на нашата веб-страница“, изјави Ристоска.

Консултациите на работната група во Министерството за правда почнаа вчера откако Катица Јанева со полномоштво побара предметите од СЈО да ги преземе републичкото обвинитeлcтво.

Освен обвинителкaта од СЈО Ленче Ристовска, во работната група учествуваат министерката за правда Рената Дескоска, академик Владо Камбовски, универзитетскиот професор Гордан Калајџиев, како и државниот обвинитeл Љубомир Јовески и претставници од министерството за правда.