Русковска и Јовевски 40 дена не отварија истрага за Јанева, но денес кога починала мајка и решени се да ја притворат!

После сите молби и апели  упатени до Јовевски Русковска, дури и од шефот на државата,  да се вратат од одмор и да ја сработат совесно истрагата, Јовевски Русковска се одважија со предлог за притвор во ден кога починала мајката на Катица Јанева.  Подобар тајминг неможеа да одберат, но истрајни се во одлуката за притвор, бидејќи како што изјави Русковска, смртта на мајката на Јанева не влијае на нивната “итна одлука” за притвор.

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева,  не денес, туку вчера, даде исказ пред јавен обвинител и нејасно е зошто вчера веднаш не била приведена туку се чекало и калкулирало до денес. За воља на вистината компромитирачките материјали за инволвираноста на Јанева во поткупот беа објавени пред две недели на Ла Верита, кога збесна целата јавност, а многу авторитети од правосудството се прашуваа зошто Јовевски и Русковскаако  ги имале од Април достапни овие докази, не отвориле истрага за Јанева на 15 Јули кога беше отворена истрагата за овој предмет и приведени Јованоски и  Милески?

Ова само дополнително говори за капацитетот, човечноста и интегритетот на високите  функционери од обвинителството!

Во случаи кога притворено лице ќе изгуби близок роднина, со дозвола на Судија на претходна постапка, може да  се спроведе на неколку часа на гробишта со цел да се испрати со блискиот, но тоа најчесто е возможно само доколку погребот е во Скопје, бидејќи истражниот затвор во  Скопје, нема доволно ни персонал ни возила ни бензин за вакви непредвидени ситуации.