Рускоска НЕ ЗНАЕ КАДЕ Е СИНОТ на Катица Јанева, за него засега нема докази дека е вмешан во „Рекет“

Полицијата попладнево по налог ЈО ја приведе специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

На прес конференција денес Јавното обвинителство побара 30- дневен притвор за специјалната јавна обвинителска Катица Јанева.

Обвинителката Вилма Рускоска, потврди дека полицијата е во зградата на СЈО и дека ќе биде одземен службениот компјутер на Јанева, а на прашање дали знае каде се наоѓа синот на Катица таа одговори дека не знае и дека засега нема доволно докази кои укажуваат дека и тој вмешан во било какви криминални дејствија.