Свиркачот Костовски на Верушевски му предал само околу пет отсто од вкупно прислушуваните материјали во УБК

Денеска во Судот продолжу судењето за случајот на СЈО „Таргет – Тврдина“ во кој обвинети се Гордана Јанкулоска, Сашо Мијалков, Горан Грујовски, Никола Бошковски, Тони Јакимовски, Владимир Варелов и уште пет други лица.

Обвинетите во случајот „Таргет – Тврдина“ се товарат за незаконско следење на комуникациите од 2008 до 2015 година.

Денешното рочиште продолжи со сведочење на свиркачот Звонко Костовски.

Костовски одговарајќи на прашање на обвинителката од СЈО Ленче Ристовска истакна дека нема точна информацоја за бројот на разговори кои биле снимени и изнесени но потенцираше дека околу пет проценти од вкупниот број разговори се предадени на Верушевски.

Костовски во своето сведочење истакна дека во зградата „парламентарка“ која се наоѓа кај железничка во посебни простории постоел инсталиран компјутер што било направено на барање на Горан Грујевски, за нивни логистичар да може полесно да презема материјали, односно да не се движи постојано до УБК и назад до зградата, како и да не се створат сомнежи кај станарите во зградата.