Се запали основно училиште во Штип- пеплосаа инвентарот и кровната конструкција

На 18.06.2019 година во СВР Штип било пријавено дека во периодот од 23.30 часот на 17.06.2019 до 00.10 часот на 18.06.2019 година во основното училиште „Страшо Пинџур“ во село Крупиште, штипско, настанал пожар. Со пожарот бил зафатен инвентарот и кровната конструкција на стариот објект од училиштето и дел од кровната конструкција на новиот објект од училиштето. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Штип, а увид извршила екипа од СВР Штип.