Се проверува дали имало прислушање и во Обвинителството за организиран криминал и корупција

ОЈО Скопје на денешната прес конференција на која се презентираа детали од истрагата за автобуската несреќа кај Ласкарци одговарајќи на новинарско прашање во врска со натписите за говор на омраза поврзани со несреќата, Обвинителот Сашо Рајчев истакна дека сé уште не се знае дали и во ОЈО за организиран криминал и корупција било прислушувано.

Во тек е вештачење на хард дисковите на Обвинителството за организиран криминал и корупција, затоа што при непосредната контрола не постоеја технички можности да се утврди дали и таму било снимано, кажа Обвинителот Сашо Рајчев.

Тој потенцираше дека во зградата на ЈОРМ е неспорно дека има снимени разговори.

-Прво да го завршиме вештачењето во Обвинителството за организиран криминал и корупција, па преминуваме на проверки за неовластеноста во снимањето и потоа евентуално во прислушување доколку имаме пристап на тие разговори на лица неовластено од надвор, рече Рајчев.