Се судрија џип и мотор: Млади момчиња повредени во сообраќајка

На 21.05.2019 година во 18:50 часот на ул.„Пролетерска“ во село Росоман се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Мицубиши Пајеро“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.Љ.(48) од село Младо Нагоричане, општина Старо Нагоричане и мотоцикл „Хамачи“ без регистарски ознаки, управуван од М.Ѓ.(19) од село Росоман.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле мотоциклистот М.Ѓ. и неговиот 15-годишен сопатник од село Сирково.

На двајцата им била укажана лекарска помош во болницата во Кавадарци, по што М.Ѓ. бил препратен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид извршила екипа од Полициската станица Кавадарци.