Силна експлозија во центарот на Париз, има повредени

Светските медиуми јавуваат дека експлозијата се случила во деветтиот кварт во централното градско подрачје. Сѐ уште не се знае бројот на повредените.

Силна експлозија утринава одекна во Париз. Светските медиуми јавуваат дека експлозијата се случила во деветтиот кварт во централното градско подрачје. Сѐ уште не се знае бројот на повредените.

Најмалку една зграда е во пламен, уништени се повеќе автомобили, спасувачките и противпожарните екипи се на терен.

Најверојатна причина за несреќата е истекувањето на плин во пекара на приземјето на зградата во пламен.

Фотографија: Твитер