Силјановска Давкова: СДСМ долго време знаеа за случајот „Рекет“

А, владеењето на правото? За нив е тоа реторичка фигура. Тие не признаваат никакво меѓународно право, дури и кога предаваат за него. Кога јас, за време на претседателската трка, говорев за политика во границите на правото, тие ме обвинуваа за идеализам. Јас се повикував на Кант, а тие на Тукидит. Сега знам зошто. Уште тогаш знаеле за „ Рекет“, па јас им делував како Санчо Панса, или Дулчинеа во нивната реал политика. Значи, макијавелистички се бореле за опстанокот, напиша на Фејсбук, Гордан Силјановска Давкова.