Симболи и агенти на мрачната правда

По остранувањето на симболот на мpачната правда, треба да се отстранат и „тефтер-судиите“ и „Сваровски судиите“. Тие не се симболи, тие се агенти на мрачна правда.

Контроверзниот историски лик „Ќосето“ беше симбол на мpачната правда од 19-20 век.

„Донираниот“ споменик на „Ќосето“ намерно беше поставен пред судот, за да се застрашуваат судиите и критичарите на груевизмот.

Груевски на предизборен митинг се закануваше со „Ќосето“, а откако не успеа да состави влада, неговите поддржувачи се обидоа да спроведуваат мрачна правда на 27 април. со терористички обид за убиство на пратеници.

По остранувањето на симболот на мpачната правда треба да се отстранат и „тефтер-судиите“ и „Сваровски судиите“.
Тие не се симболи, тие се агенти на мрачна правда.

А за симболите, во форма на споменици, треба да одлучува собранието, согласно законот.
За да не ни се повторуваат сцени на предизвикување на етнички и политички конфликти со незаконско поставување споменици.

Автор
Жарко Трајаноски