Скопјанка во паника: Девер ми ни ја запали куќата

На 24.03.2019 година во 00,15 часот во СВР-Скопје С.Ф. пријавила дека на улицата “Челопек“ нејзиниот девер И.Ф.(53), во една од собите во куќата предизвикал пожар. Пожарот бил локализиран од семејството и опожарена била собата каде што живеел И.Ф. Повредени лица нема. Увид на местото на настанот ќе се врши во текот на денешниот ден.