Случај „Таргет – Тврдина“: Заев бил прислушуван под псевдонимот Зо За

Денеска во Судот продолжу судењето за случајот на СЈО „Таргет – Тврдина“ во кој обвинети се Гордана Јанкулоска, Сашо Мијалков, Горан Грујовски, Никола Бошковски, Тони Јакимовски, Владимир Варелов и уште пет други лица.

Обвинетите во случајот „Таргет – Тврдина“ се товарат за незаконско следење на комуникациите од 2008 до 2015 година.

На денешното рочиште сведочеше  свиркачот Звонко Костовски и беше презентиран Хард дис на кој има нелегално прислушувани разговори од Зоран Заев.

Како што појасни обвинителката Звонко Костовски по наредба на Горан Грујевски ги снимал разговорите, а хард дискот СЈО го зело од канцеларијата на Костовски во УБК. Тој од хард дискот на 5-6 цедеа преснимувал разгвори од Зоран Заев.

Адвокатот Љупчо Шврковски реагираше дека не смее да се презентира доказот, бидејќи истиот се користел како доказ против Костовски во случајот „Пуч“.

Судот го одби неговиот приговор и дозволи доказот да биде презентиран.

Костовски истакна дека Зоран Заев бил прислушуван под псевдонимот Зо За и ги појасни техничките податоци.