Со „глок” решавал расправија

Станува збор за лицето Л.У.(70), против кого СВР Гостивар поднесе кривична пријава за загрозување со опасно орудие при тепачка или караница.

Постар жител од село Форино се заканувал со пиштол по расправија во кафеана во Гостивар, информираше МВР.

Станува збор за лицето Л.У.(70), против кого СВР Гостивар поднесе кривична пријава за загрозување со опасно орудие при тепачка или караница.

Според полицијата, инцидентот се случил околу утрово на улицата Браќа Ѓиноски во Гостивар. По претходна вербална расправија Л.У. упатил закани кон З.Р.(40), Б.К.(27) и Т.Ф.(49), сите од село Добридол, при што извадил и пиштол, кој го носел со себе.

Случајот бил пријавен во полицијата која кај Л.У. пронашла и одзела пиштол „глок” и рамка со 13 куршуми.