Спасовски: Во тек е истрага каде се одлеале 30 милиони евра од МВР

Министерот Спасовски вели дека тоа вакво нешто не смее да се дозволи да се повтори. Според него, не само во МВР, туку во сите државни органи треба да се спроведат истраги кои ќе помогнат да се откријат сите злоупотреби кои биле правени.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски потврди дека 30 милиони евра од ова министерство во времето на Гордана Јанкуловска завршиле во приватни фирми и во џебови на поединци. Тој вели дека во тек е истрага за да се утврди кој се учествувал во одлевањето на овие пари. За овој голем скандал во МВР пред два дена екслузивно извести Судство.мк. 

– Оставам тоа да го покаже истрагата и да не и штетиме дополнително сега на истрагата. Сето тоа што ќе биде откриено, за што работат и соодветни комисии кои што ги формиравме во МВР, во Управата за безбедност и контраразузнавање, во Бирото за јавна безбедност и Јавното обвинителство, ќе дадат одговор на сите овие прашања – рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Спасовски вели дека тоа вакво нешто не смее да се дозволи да се повтори. Според него, не само во МВР, туку во сите државни органи треба да се спроведат истраги кои ќе помогнат да се откријат сите злоупотреби кои биле правени.

– Нема да се дозволи ако се поведат соодветни постапки и ако за тоа има одговорност. Се она што е правено не само во МВР туку во сите институции, а за жал нема институција во Македонија дали на централно или на локално ниво, во која што ќе чепнете, а да најдете некој криминал. За тој криминал ќе мора да се носи одговорност, бидејки таквата одговорност праќа порака на овие раководители кои денес ги водат институциите во македонската држава дека мора да се однеусваат одговорно кон граѓаните – изјави Спасовски.

Автор:
Горан Наумовски