Стејт департмент: Македонија да го заземе заслуженото место во НАТО и во ЕУ

Помпео посочи дека, САД ја гледаат одлуката како историска шанса за унапредување на стабилноста, безбедноста и просперитетот во регионот.

Мајк Помпео, државниот секретар на САД изјави дека САД ја поздравуваат одлуката на Собранието, за усвојување на уставните амандмани неопходни за ратификација на Договорот од Преспа за решавање на спорот со името со Грција.

– Македонските лидери демонстрираа визија, храброст и истрајност во настојувањето да најдат решение за спорот со името, што ќе овозможи Македонија со право да го заземе нејзиното место во НАТО и Европската унија како Република Северна Македонија – се наведува во соопштението на Стејт департментот.

Помпео посочи дека, САД ја гледаат одлуката како историска шанса за унапредување на стабилноста, безбедноста и просперитетот во регионот.