Судењето за „Тарифа“ продолжи со сослушување сведоци

Со сослушување на сведокот Жарко Миленковски денеска во Кривичниот суд продолжи судењето за предметот „Тарифа“ на СЈО во кој обвинети се поранешниот генерален директор на АД „ЕЛЕМ“ Дејан Бошковски и уште други две лица.

Со сослушување на сведокот Жарко Миленковски денеска во Кривичниот суд продолжи судењето за предметот „Тарифа“ на СЈО во кој обвинети се поранешниот генерален директор на АД „ЕЛЕМ“ Дејан Бошковски и уште други две лица.

Фирмата на Миленковски учествувала како партнер во конзорциумот за набавка на софтверот за ЕРП системот за потребите на АД „ЕЛЕМ“. Сведокот рече дека неговата фирма требало да учествува во импелементација на модулот за менаџмент на документацијата на системот.

Судењето што го води судијката Софче Гавриловска Ефремова денеска го следи преставник на Амбасадата на САД

Дејан Бошковски и другите двајца обвинети се товарат за противзаконска набавка на софтверски систем за потребите на државната компанија „ЕЛЕМ“, вреден околу четири милиони евра.

Обвинителите на СЈО рекоа дека ќе докажат оти тројцата обвинети ја злоупотребиле службената положба и овластувањето. Обвинетите пак се изјаснија дека не се виновни.

Според обвинението на СЈО, обвинетите ја злоупотребиле службената положба и овластувањето во постапка за јавна набавка на софтвер – „ЕРП систем“. Обвинетите со неизвршување на службената должност овозможиле правното лице – конзорциум, кое подоцна го добило тендерот, да се квалификува во втората фаза на преговарање при јавната набавка, иако немало доставено комплетна документација.