Суд ли е ова или инквизиција?!

После вакви „прашања“ и коментари на судијката Кацарска, обвинетите за настаните од 27 април уште сега знаат каква ќе биде пресудата и нивната одбрана губи секаква смисла. Со тоа и судењето губи смисла, бидејќи се претвора во инквизиција како во темниот Среден век. Зошто?

Без оглед дали воопшто ќе има и каква ќе биде амнестијата за настаните од 27 април лани, немам дилема дека станува збор за обид за државен удар, што мора да се расветли во судскиот процес што е во тек и кој мора да заврши со утврдување на целосната вистина. А тоа подразбира да се откријат и да се судат и нарачателите и наредбодавците на операцијата, која е голем срам за модерната македонска држава, а ќе беше уште поголем ако пучот успееше.

Но, јас очекував овој процес, како и сите други чувствителни судски процеси, посебно тие за обвиненијата на Специјалното јавно обвинителство, да го покажат новиот лик на македонското правосудство – брзи и квалитетни истраги, силни и валидни докази, професионално и непристрасно судење, бескомпромисно почитување на правото на одбрана и на другите елементарни човекови права на секој обвинет.

Целата колумна може да ја прочитате на линкот