Таму кај што има лап, има и стап!

Така ти е кога просечници ги воздигнуваме во асови. Забораваат на мерката и дарата. Забораваат на граѓанскиоиот и државниот интерс. Водилки им се личниот општествен статус и парата.

 

Бошко Нацевски,
новинар

 

Го гледам списокот со износите во евра на пратениците, како компензација за нивното макотрпно талкање по патиштата за да дојдат и да седнат на нивното столче во законодавниот дом.
За да се стигне од едниот до другиот крај на најдолгата улица во Сиднеј треба да се изминат 170 километри. Итаат луѓето како споулавени навреме да стигнат на работното место, а изминатите километри се нивни личен проблем.

На нашиве пратеници ќе треба да почнеме и црвен тепих да им постиламе од Охрида града до собраниската зграда. Секое утро облечени во народни носии да им приредуваме свечено и срдечно добредојде пред влезната врата на Парламентот, со топло лепче и солца, како доказ за нашата неизмерна почит кон нивното возвишено пратеничко дело. Можеби и химната треба да им ја интонираме додека се симнуваат од нивните автомобили кои имаат статус на високо профитабилни расни златни кокошки.

Сега, секако задоцнето, како по обичај, ни се дигаат маглите од пред очи и станува повидливо зошто тие народни избраници толку ревносно и грлато се пењавеа од говорниците на предизборните митинзи. Искршија нозе растрчани во лов на гласови.Така ти е кога просечници ги воздигнуваме во асови. Забораваат на мерката и дарата. Забораваат на граѓанскиоиот и државниот интерс. Водилки им се личниот општествен статус и парата.

Ама има една народна, која опоменува – ,,таму кај што има лап, има и стап”

(Фејсбук статус на авторот)