„Таргет – Тврдина“: Презентиран документ со кој се барало да се уништи опремата за прислушување

Денеска во Судот продолжу судењето за случајот на СЈО „Таргет – Тврдина“ во кој обвинети се Гордана Јанкулоска, Сашо Мијалков, Горан Грујовски, Никола Бошковски, Тони Јакимовски, Владимир Варелов и уште пет други лица.

Обвинетите во случајот „Таргет – Тврдина“ се товарат за незаконско следење на комуникациите од 2008 до 2015 година и Уништувањето на опремата за прислушување

На денешното рочиште сведочеше  свиркачот Звонко Костовски, беше презентиран Хард диск на кој има нелегално прислушувани разговори од Зоран Заев и беше презентиран доказ, документ со кој се барало да се уништи опремата за прислушување во УБК

Документот бил потпишан од Звонко Костовски, а бил испратен до Горан Грујевски кој тогаш бил шеф на Петтата управа во УБК.

-Вакво писмо е направено за да се докаже дека има потреба да се уништи опрема и затоа што зафаќа многу простор за чување, рече обвинителот Ајтан Ајро.

Костовски кажа дека потписот на документот е негов но истакна дека бил вметнат од друг документ.

-Ваков документ јас немам изготвено. Потписот е мој, но е вметнат од друг документ, рече сведокот, кој го аргументираше своето тврдење со посочување на технички грешки и пропусти во писмото.

Тој додаде и дека писмото е од 21. 11.2014 кога Горан Грујевски бил доктор на правни науки и затоа било незамисливо некој да се обрати до него и да го ослови со звање магистар, како што е во писмото.

-Исто така погрешно е напишан називот  на Одделот. Целиот начин на изразување во овој текст на никој начин не соодвестува со документите кои јас сум ги изработувал. И има повеќе граматички грешки кои јас не би ги направил никогаш. На пример каде има сврзник а не е ставена запирка. Во следниот пасус пишува во повеќе наврсти бевме сведоци на не соодветно чување, а според правописот несоодветно треба да биде напишано заедно, рече Костовски.