Тереза Меј ќе бара посилни санкции за Русија

Односите меѓу Велика Британија и Русија се влошија на почетокот на оваа година, по труењето на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипаљ и неговата ќерка Јулија во Англија, за што Лондон ја обвини Москва.

Британската премиерка Тереза Меј денеска изјави дека на претстојниот самит на ЕУ ќе бара зајакнување на санкциите против Русија.

„Ќе извршам притисок да осигурам продолжување на санкциите врз Русија“, рече Меј во парламентот.

Таа додаде дека постојат некои области во кои санкциите треба да се заострат.