Тетовец доби кривични пријави за 27 кражби

Секторот за внатрешни работи – Тетово денеска информира дека целосно се расчистени и документирани 18 тешки, осум кражби и еден обид за тешка кражба, за чие извршување се сомничи 38-годишниот тетовец Ј.Ц.

Против него се изготвени и ќе бидат поднесени четири кривични пријави.

– Ј.Ц. се сомничи дека во јуни, јули и август оваа година во Тетово насилно провалувал во возила, продавници, деловни и други објекти, од кои најчесто одземал парични средства, музичка опрема, компјутери и други предмети. Така противправно стекнал вкупна имотна корист која се проценува на околу 525 илјади денари. Покрај ова, со кривични пријави за „прикривање“ се опфатени и 12 други лица од Тетово и тетовско, кои се сомничат дека ги купувале одземените предмети од Ј.Ц, соопшти денеска СВР-Тетово.

Најголемиот број од одземените предмети се пронајдени и веќе им се вратени на нивните сопственици, односно на оштетените.