УБК ги следела Зоран Заев, Зоран Верушевски и Оливер Спасовски

Следевме и новинар. Му поставивме камери дома на Алберт Муслиу. Ова денеска во судница го рече обвинетиот Александар Василевски-Нинџа на прашање на обвинителката Вилма Русковска за случајот „27 април“.

Зоран Заев, Зоран Верушевски и Оливер Спасовски беа следени од Петтата управа. Има документација за ова. Петтата управа почна да ги следи кога почна објавувањето на бомбите. Следевме и новинар. Му поставивме камери дома на Алберт Муслиу. Ова денеска во судница го рече обвинетиот Александар Василевски-Нинџа на прашање на обвинителката Вилма Русковска за случајот „27 април“.

Запрашан дали биле плаќани водачите на „За заедничка Македонија“ Игор Дурловски, Богдан Илиевски – Бетмен, Борис Дамовски и Владо Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ, или протестите ги воделе од патриотски причини, обвинетиот Василевски рече:

– Јас не сум ги видел со свои очи што имаа во џебовите кога излегуваа откај Кирил Божиновски, но од оперативни сознанија на Петтата управа знам дека биле плаќани од ВМРО-ДПМНЕ. Впрочем и Никола Бошкоски ми кажа дека за тоа го информирал директорот на УБК Владимир Атанасовски.

За хард дисковите од безбедносните камери во Собранието Василевски рече дека биле уништени на преса во една од базите на УБК, која се наоѓа некаде на „Водњанска“.

– Во 22.45 минути на 27 април ми се јави Бошковско и ме повика во една од прикриените бази на петта управа на УБК, која се наоѓа во близина на Државната болница не можам да кажам каде. Таму беа Бошковски и началникот Сашо Марковски. Во неврзан разговор разбрав дека се одземени хард дисковите од безбедносните камери во Собранието. Влеговме во една работилница во базата по што Бошковски му се јави на тогашниот директор на УБК, Владимир Атанасовски. Во разговорот тој доби наредба да се уништат хард дисковите. Сашо Марковски ги извади од плаво најлонче и ги стави на преса, беа црни, со големина 20×20 или 20×15. Од тука ја напуштивме базата. Беше околу 00:15 часот. Со Бошковски се упативме кон Автокоманда. По пат засранавме кај Ќерамидница, тука има еден цигански мост. Бошковски излезе од возилото и се качи на мостот. Од таму тој го истури целото ќесе во Вардар. Бошковски потоа ми кажа дека Сашо Марковски ги извадил хард дисковите и при тоа користел хируршки ракавици. Тоа е мојата вистина за 27 април. Барем една секвенца од тој ден – рече Нинџа.

Нагласи дека додека бил во бегство, Горан Грујевски редовно му вршел притисок да не се предаде. Потоа додаде:

– Бидејќи не бев достапен за органите на прогонот имав притисоци од Горан Грујевски да не се предадам. Ми велеше дека јас сум бил мостот. Но во консултација со моите адвокати решив да се предадам на судија на претходна постапка