Укинат куќниот притвор за Јанакиески за предметот „Титаник“

Судот за предметот на СЈО „Титаник“ го укина домашниот притвор на обвинетиот Миле Јанакиески, додека домашниот притвор за настаните на 27 април останува во сила. Во предметот „Титаник“. Јанакиески е обвинет за изборни нерегуларности.

 

Од одбраната појаснуваат декаукинувањето е резултат на тоа што не може паралелно да бидат активни две мерки куќен притвор.

– За 27. април имам куќен притвор и забрана за комуникација со инволвирани лица во настанот. Тоа по закон значи да не смеам да пуштам маилови и да комуницирам на мобилен со нив, рече Јанакиески денеска.