Уште 30 дена притвор за поранешниот директор на УБК

Кривичниот суд  му го продолжи притворот на поранешниот директор од Управата за безбедност и контраразузнавање, Владимир Атанасовски.

Поранешниот директор на УБК беше уапсен лани по сведочењето на браќата Стефан и Михаил Младеновски, кои давајќи ја својата одбрана, како обвинети за „27 април“ го посочија Атанасовски како еден од организаторите.

Судот во петокот му го продолжил притворот на Атанасовски за нови 30 дена.

Атанасовски во 2016 година го наследи дотогашниот директор на УБК Сашо Мијалков.