Фаик Арслани избран за в.д. претседател на Врховниот суд

Врховниот судија Фаик Арслани е избран за в.д. претседател на Врховниот суд, веднаш по разрешувањето на Јово Вангеловски. Судскиот совет на денешната седница го разреши Вангеловски од функцијата претседател на Врховниот суд. Одлуката за разрешување од позицијата во највисокиот суд и судија во Врховниот суд е поради нестручно и несовесно постапување.

Точката за разрешување на Вангеловски Судскиот ја разгледа зад затворени врати.

Освен Вангеловски разрешени се уште двајца други судии. На одлуката на Судскиот совет, разрешените судии заедно со Вангеловски имаат право да поднесат жалба до Врховниот суд.