Фатени 21 мигрант на потегот од с. Табановце кон с. Ваксинце

На 18.06.2019 година околу 22.00 часот на потегот од с.Табановце, кумановско, кон с.Ваксинце, општина Липково, полициски службеници пронашле 21 лице – мигранти, кои биле пренесени и сместени во Транзитниот центар Табановце. Во врска со нивниот транспорт бил приведен Р.Х.(21) од с.Брест, скопско. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.