Фатен затвореник во бегство од тетовскиот затвор

23 годишен затвореник во бегство од тетовскиот затвор, ноќеска во 2.30 часот бил приведен од гостиварската полиција. Станува збор за Џ.И. (23) од гостиварското село Дебреше кој се барал со наредба од затворот Тетово.

Затвореникот бил запрен додека возел “ауди А4” со скопски регистарски ознаки. Кај него бил пронајден пиштол, шест куршуми калибар 9мм и ремен со футрола за пиштол.