„Форд Галакси” без регистарски таблички излетал од патот и завршил во одводен канал

На 20.05.2019 година на локалниот пат меѓу селата.Браилово – Долнени, општина Долнени, кај железничката станица Браилово, патничко возило „Форд Галакси” без регистарски ознаки, управувано од Д.В.(45) од село Сенокос, прилепско, изгубило контрола и излетало во одводниот канал. Д.В. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Прилеп, каде му била укажана лекарска помош. Увид извршила екипа од Полициската станица Прилеп.