(ФОТО) Ова е полицаецот кој загина во сообраќајката во Драчево

На 14.05.2019 година во 23.40 часот на бул.„ Борис Трајковски “ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од  М.Ј.(44) од Скопје “ и патничко возило „Рено 5“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.Л.(43) од Скопје. Во несреќата возачот Ј.Л. и сопатниците во возилото „Рено“ – С.Н., А.Т. (54) од Скопје, Е.Т. (37) од Скопје и И.А. (40) од Скопје починале на местото на настанот, додека, пак, возачот на товарното возило – М.Ј. се здобил со повреди и бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде му била укажана лекарска помош и бил задржан на понатамошно лекување. Увид на местото извршил Јавен обвинител и увидна екипа на СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител телата на починатите биле предадени за обдукција.