Четворица загинати во експлозијата во Париз

Меѓу четворицата загинати има два пожарникари, кои биле дел од тимот што интервенирал по пријавата за неисправна инсталација со природен гас.

Француските власти соопштија дека според последниот биланс од екслозијата што се случи изутринава во 9. париски арндисман животот го загубиле четири лица, јавуваат светските медиуми.

Меѓу четворицата загинати има два пожарникари, кои биле дел од тимот што интервенирал по пријавата за неисправна инсталација со природен гас.

Информациите велат дека до сега се потврдени повредите на триесетина лица од кои петнаесетина се со тешки повреди.

Јавниот обвинител на Париз отвори истрага за причините за експлозијата.