Човечки фактор го предизвикал пожарот во затворот „Идризово“

Кровна конструкција се запали утрово околу 4 часот во затворот во Идризово. Според првичните информации од затворот, причина за пожарот најверојатно е човечки фактор, пренесува порталот МКД.мк

Противпожарната единица интервенирала со едно возило и четворица пожарникари.

Повредени лица нема, а причинета е само материјална штета.