Штипјанец ограбил аптека

Вработениот во аптекатата пријавил дека А.М. со закана со нож од него одзел пари и лекови.

Дваесет и петгодишен маж со иницијали А.М. од Штип е приведен поради разбојништво во аптека на улицата „Маршал Тито“. Вработениот во аптекатата пријавил дека А.М. со закана со нож од него одзел пари и лекови.

Од МВР велат дека веднаш по пријавата, презеле мерки и активности па разбојникот бил приведен во полициската станица Штип.