Што се крие под превезот на тајноста на истрагата за Рекет?

Од 1.5 милиони евра, само 5000 евра, завршиле кај Катица Јанева, на другите не им се знае трагот, ама сигурно не завршиле кај политичари ?!

По денешното приведување на СЈО Катица Јанева, републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовевски и обвинителката Вилма Русковска одржаа прес конференција во кој не дадоа речиси никакви дополнителни информации, од оние што јавноста веќе ги знае, наводно да не се наштети на истрагата. Она што го изјавија веќе се општо познати факти, а тоа е дека Јанева е приведена и за неа е донесена одлука да и се предложи притвор бидејќи ја злоупотребила нејзината службена положба и овластување како обвинител комуницирајќи со Јордан Камчев кој преку Бојан Јованоски и Игор Милески исплатил1.5 милиони евра за да не одговара кривично за дел од делата што му се ставале на товар со истрагата за предметот Империја, или да одговара за полесните дела со што ќе плател помалку и ќе добиел помала казна. Од прес конференцијата разбравме дека од овие пари што камчев ги платил, Јанева наводно примила подароци во вредност од 298.000 денари од Бојан Јованоски.

Пресконференцијата беше штура со информации, наводно за да не се влијае на истрагата со откривање на информации, кои веќе се откриени од Ла верита. Остана неодговорено од обвинителите зошто кога ги имале снимките уште пред отварањето на истрагата, во прв момент не отвориле истрага и за Јанева, кога евидентно е дека била инволвирана во комуникацијата.

Обвинителите не дадоа одговор каде завршиле парите од поткупот, за кои јавноста веќе подолго време се сомнева дека се искеширани на влијателни политичари од  земјава.

Боки 13 беше познат по неговиот скап и екстравагантен стил и пред поткупот примен од Јордан Камчев на почетокот на оваа година, па никој не верува дека сите пари од поткупот се испотрошени на скапа гардероба и престој во скапи хотели. Јавноста веќе подолго време шпекулира дека и многу политичарки примале скапи подароци од Боки 13 во износ сличен како овој што наводно Јанева противправно го стекнала, но категорички обвинителите изјавија дека за други лица освен за Јованоски, Милески и Јанева нема отворено истрага.

Не одговорија ни на новинарски прашања каде завршиле парите, но сигурни се дека не завршиле кај политичари од власта ?! По ваков контрадикторен прес останува уште поголем сомнеж дека, вистината, токму Републичкиот јавен обвинител ја крие од јавноста и влијае истрагата да има некој тек кој што е далеку од вистинската фактичка состојба. Ова можеби со цел да не се расчисти до крај скандалот, за одредени инволвирани да не претрпат кривична и политичка одговорност.