Јанко Бачев викнат на информативен разговор во полиција

Од полицијата тврдат дека во однос на случајот јавно ќе се произнесат по завршувањето на истрагата.

Денеска полицијата го повика во станица лидерот на Единствена Македонија, Јанко Бачев.

Од истрагата дознаваме дека причина за неговото повикување во полициска станица е закана која ја упатил преку социјалните мрежи.

Од полицијата тврдат дека во однос на случајот јавно ќе се произнесат по завршувањето на истрагата.

Во исто време, оваа информација е објавена и на официјалната страница на Фејсбук на Единствена Македонија.