Еклузивно: Нов распоред и во граѓанскиот суд Скопје 2

По годишниот распоред во Скопска единица и во скопска двојка поголеми измени

По прераспределувањата на судии во кривичниот Суд, деновиве и во граѓанскиот суд Скопје 2 Скопје, претседателот на Судот Илир Сулејмани, излегол пред судиите со нов распоред, кој нема огромни промени како оној во кривичниот суд, имајќи во предвид дека во овој суд немаше ни претходно скандалозни прераспоредувања на судии.

На имотни спорови и спорови од мала вредност ќе судат Ерол Абдулаи, Јехона Садику, Олга Попевска,  Јованка Спиревска Пановска, Даниела Миновска, Емилија Шопар Јованова, Дијана Нацевска, Весна Стрезовска, Александар Младеновски, Бесник Авдија, Андреј Димовски, Аритон Ала, Мирјана Смиљкова, Јорданчо Панев, Весна Трајанова,Антоанета Димовска, Оља Крстиќеска, Софија Спасова Медарска, Гордана Јакова,Магдалена Бајалска Ѓорѓеиевска, Мирјана Николовска Калчиновска, Марика Сандева Мурџева, Цветанка Силњановска Костадиновска,Софија Миленкова, Јасмина Блажевска, Наташа Тодорова, Љиљана Зафирова Петреска, Татјана Поповска Николовска и Слободан Хаџи Христовски.

Со новиот распоред судии кои ќе судат на постапки за утврдување на граѓанска одговорност од клевета и навреда и натаму ќе судат Нухи Рустеми и Весна Калковска,  а новина е дека по ваквите предмети ќе постапуваат и судиите Љубица Колиќ и Кети Германова.

И во одделот за семејни спорови има измени, освен досегашните судии Лидија Крстевска, Љиљана Крстевска и Радмила Карановиќ, во овој оддел ќе постапуваат и Гордана Ролевска – Ќупева и Виолета Поповска.

Во одделот за работни спорови ќе постапуваат Бојана Велковска, Хилда Мешковска,Павлина Поповска, Татјана Клинчарска, Виолета Арнаудова, Снежана Ивановска и Александра Палашевска.

Артан Лимани, Сашка Трајковска, Ирена Петрушевска и Вероника Станојевска ќе бидат судии во сите стечајни и ликвидаациони постапки, додека Елизабета Настов, Ирена Костадинова Ангелова, Сузана Дончевска и Љупчо Тодоровски ќе постапуваат ќе постапуваат по вонпарнични предемети.

Со ниовиот распоред за 2018 година во стопсанскиот оддел за спорови помеѓу фирмите ќе судат судиите Елисавета Зафирова,Улбер Хасани, Биљана Јанура,Весна Богдановска, Маринела Јакасановска, Снежана Богдановска, Соња Кочовска, Наталија Донева, Мери Василева, Велјанка Доневски, Снежана Таневска, Гордана Билеска и Зора Божиновска

Во Основниот Суд Скопје 2 Скопје, судат голем број искусни кадри со долго судиско искуство, кои и покрај редовните конкурирања, не се избираат за судии во Скопска Апелација од Судскиот Совет. Поголемиот дел од судиите кои судат во стопанскиот оддел и во одделот за имотни спорови, овој месец го напуштија Здружението на судии, заради неговата пасивна улога во промоцијата на искусните кадри и нивното напредување.