Министерот Спасовски вети подобри услови за работа на полицијата

Во 2018 година, ќе работиме многу на подобрување на условите на работа на полициските службеници и заеднички со граѓаните да придонесеме за побезбедна Република Македонија, изјави министерот за внатрешни работи.

Министерот Спасовски и директорот на Бирото за јавна безбедност Лазе Велковски, на средба со раководството на СВР Скопје, истакна дека во споредба со 37 кривични и десетте прекршочни дела евидентирани при пречекот на 2017 година, синоќа од 21 часот вечерта до 8 часот утрото се евидентирани само 9 девет кривични дела и 8 прекршочни дела.

„Ова навистина е состојба која што може да не прави задоволни, но и состојба која покажува дека ако се работи во континуитет, подолго време превентивно, ќе има и резултати. Така што очекувам дека ваквите активности, ваквата работа на Министерството, ќе ја интензивираме и во 2018 година. Ќе работиме многу на подобрување на условите на работа на полициските службеници,и заеднички со граѓаните да придонесеме за побезбедна Република Македонија“, рече Спасовски.