Сашо Мијалков се надева на успешна 2018 година

Мијалков се соочува со обвинение од СЈО за злоупотреба на службената положба додека беше прв човек на тајната полиција.

Сашо Мијалков, поранешниот шеф на УБК, во куса изјава за телевизијата 21 на скопскиот плоштад вели дека изминатата 2017 не била успешна година.

-Се надевам дека 2018 година ќе биде подобра од 2017 година – рече Мијалков кој се соочува со обвинение од СЈО за злоупотреба на службената положба додека беше прв човек на тајната полиција.