Фрлал со шишиња и чаши по диџејка зашто не му се допаднала песната

Девојка која пуштала музика во кафуле во Крива Паланка, пријавила дека А.Н. (24) од село Опила фрлал со шишиња и со чаши кон нејзе.

Девојка која пуштала музика во кафуле во Крива Паланка, пријавила дека пред два дена околу 01.15 часот по полноќ, А.Н. (24) од село Опила фрлал со шишиња и со чаши кон нејзе затоа што не му се допаднала песната.

МВР информира дека полицијата пристигнала во кафулето, a се преземаат и мерки за целосно расчистување на случајот.