Еквадор му даде државјанство на Џулијан Асанж

Еквадор планира да го прогласи Асанж за дипломат, но Лондон одбива да му го признае дипломатскиот статус

Еквадорското министерство за надворешни објави дека Еквадор му додели државјанство на Џулијан Асанж. Реакцијата на министерството доаѓа еден ден откако Еквадор издаде лична карта на уредникот на Викиликс, пренесува РТ.
Пасошот веројатно е прв чекор за доделување дипломатски имунитет за Асанж кој е затворен во амбасадата на Еквадор во Лондон веќе пет години, иако британското Министерство за Надворешни Работи одбива да признае дипломатски статус за Асанж.

Асанж живее во амбасадата на Еквадор во Лондон од 2012 година, кога беше обвинет за сексуален напад во Шведска. Иако шведските обвинители оттогаш го отфрлија случајот, британската полиција е подготвена да го уапси поради кршење на условите за кауција во 2012 година. Асанж одбива да му се предаде на британските власти, стравувајќи дека ќе го екстрадираат во САД, каде што очекува да биде кривично гонет за Викиликс.