Конвој со американски тенкови казнет на автопат во Германија

Конвојот камиони бил запрен и казнет бидејќи не ги почитувале правилата за сигурен превоз

Германската полиција запрела конвој од полски камиони кои пренесувале американски тенкови бидејќи не ги почитувале правилата за превоз на стока. Возачите биле казнети, а конвојот бил задржан се додека не биле отстраниле сите неправилности. Конвој бил упатен кон непозната локација на американската армија, а бил запрен на автопатот А4 во близина на источниот германски град Бауцен, пренесува РТ.

Имено полицајците ги заприле камионите и при проверка на документацијата утврдиле дека одредени документи недостасуваат, дека камионите не ја почитуваат дозволената ширина, но пред се дозволената тежина – некои од камионите пренесувале 16 тона повеќе од дозволеното. Покрај тоа било утврдено дека возачите биле уморни бидејќи не ја почитувале обврската за задолжителен одмор.

Настанот предизвикал лавина рекација во германските медиуми и на социјалните мрежи каде граѓаните ја фалеле работата на полицајците и предлагале да добијат медал за заслуги.