Зошто заминуваме од себеси?

Добро луѓе до кога? Кои се блокадите на нашиот пат? Колкумина од нас навистина имаат сопствени бариери? Колкумина од нас навистина работат на себеси? Зошто молчите? Срамно ли е или не е за кажување? Само немојте со оправдувањето месецот има многу денови, а платата не стигнува, е – ќе стигне!

Несомнено е дека човек учи додека е жив, но ние Македонците уште од раѓање, сѐ си знаеме. Секојдневно околу мене слушам: странство,странство, странство…

Добро луѓе до кога? Кои се блокадите на нашиот пат? Колкумина од нас навистина имаат сопствени бариери? Колкумина од нас навистина работат на себеси? Зошто молчите? Срамно ли е или не е за кажување? Само немојте со оправдувањето месецот има многу денови, а платата не стигнува, е – ќе стигне!

Сме се дрзнале себеси, од тоа НЀ не бива како народ. Нѐ бива,само нема кој да види.
Нема кој да погледне барем малку да излезе на момент од себеси и да си подаде рака.

Знаеме само да критикуваме, а забораваме да погледнеме што се случува околу нас.
Најлесно е да ги спакуваме куферите и да заминеме. Најлесно е да избегаме од себеси. Но хаосот околу нас фатил длабоки корења. Сведоци сме, на едно масакрирање на студентие во овој 21 век.

Сме си дозволиле наместо да ги уживаме најубавите денови, ние треба секојдневно себеси да се повикаме во ринг. Недодавајќи си, ден или два, трагаме по нешто, се бараме себеси. Оти нели тука, во Македонија сѐ нешто ни фали.

A, фактот да работиме како садомијачи, или келнери во „луксузните“ странски ресторани, ни е прифатлива цена. Веднаш да се крене белото знаме, и оп, еве сме, чартер лет до Германија, секако тука е и Америка, со одлични WORK AND TRAVEL можности.

И сега, некој би ми рекол, свесно ли е детево што зборува? Што има лошо што студентиве работат по странство? Да, свесен сум. Не гледам ништо лошо. Но, зошто да се измачуваме? Зошто да бегаме, да тука ништо да не правиме? Нели учиме да бидеме припаднии на интелкуалниот свет. Зошто нашите студенти, се дрзнуваат и остануваат во убавините по белиот свет, оставајќи зад себе по три испити, што мислите зошто? Затоа што, некаде и некој нешто им рекол, но не исполнилил.

Очигледно си дозволивме да го прифатиме, тешкото бреме на граѓанин од втор ред, а во прв план на работна рака. Не сме ниту ништо посебни од другите. Само малку треба да погледнеме околу себе, и наместо чартер лет до соседните земји, да станаме поамбициозна младина. Но, вие господарите на столовите, од високиот ред, дајте НИ, можности, дајте почнете да ни ги цените сопствените вредности како студенти. Далеку од тоа дека бараме луксуз како Америка или Германија, но би можеле барем третина да имаме. И, делумното покачување на стипендиите би ни било поттик, да продолжиме да се бориме, ако за ништо друго, барем доволно би било за студентски живот. Оти сме студенти и засужуваме многу повеќе!

Јас, како некој кој верува во своите амбиции, сакам овде да останам, овде да ги гледам убавините на работата, и притоа да чекорам кон себеси. Оти, каменот тежни онаму каде што си му е местото. Да се обидеме на момент да зачекориме поблиску до себеси, и да разбереме оти, вистината секојпат е конкуренција на лагата. Ако досега беше, дека само они со „врски“ ќе добијат работа, а оние со просек,9.90 седат дома, дајте да го промениме тоа. Немаме фластери на устите.

Не сме ниту без зборови. Можеме, ние сите овој наш Пиреј, да го направиме достојно место на живеење. Место каде што соновите стануваат реалност. Запомнете, ние бираме како да мислиме и ние можеме да избереме да го промениме начинот на кој размислуваме. Тоа секогаш е наш избор. Изборот е Ваш!

Авторот е добитник на наградата „Бранко Ѓорчев“ на 21.Ораторски вечери Иво Пухан кои се одржаа на Правниот факултет „Јустинијан први“ во Скопје.