Кацарска на Груевски ќе му суди за луксузниот „мерцедес“

Случајот „Тврдина“, „Таргет“ преку кој треба да се дознае кој со години нелегално прислушувал ќе го суди судијката Џанета Бегтовиќ. Овие предмети им се доделени на судиите со автоматската рапределба преку АКМИС.

Кривичниот суд објави кои судии ќе ги судат предметите на СЈО и останатите случаи за кои станаа доста познати во јавноста.

Случајот „Монструм“ за петкратното убиство кај Смилковското езеро со новиот распоред во Кривичен и автоматската рапределба преку АКМИС системот ќе го суди судијата Огнен Ставрев.

„Сопот“ ќе го суди, Владимир Туфегџиќ, додека „Титаник 3“ каде обвинети се сопартиците од ДУИ, Ејуп Алими и Исмет Гури ќе ги суди Оља Ристова.

На поранешниот премиер Никола Груевски обвинет за набавката на луксузниот „мерцедес“, ќе му суди судијката Добрила Кацарска.

Случајот „Тврдина“ и „Таргет“ преку кој треба да се дознае кој со години нелегално прислуушувал ќе го суди судијката Џанета Бегтовиќ.

Со новиот распоред на новиот претседател на Кривичен Иван Џолев, клучните предмети веќе не ги судат судиите кои преку „бомбите“ го добија епитетот „Сваровски“.