Јовановски, Чавков и Дурловски остануваат во притвор

Ова денеска го одлучи Апелациониот суд во Скопје и ги потврди решенијата на Основниот суд Скопје 1 во врска со настаните во Собранието на Република Македонија на 27 април 2017 година и тоа за .

Апелациониот суд Скопје одлучи осомничените од ОЈО Оливер Поповски, Горан Ѓошевски, Владо Јовановски, Митко Чавков, Игор Дурловски, Мунир Пепиќ, Душко Лазаров, Митко Пешов, Оливер Раудлов, Богдан Илиевски и Илија Славевски да останат во притвор.

Во решението на судот се вели дека жалбите на осомничените се неосновани и ги потврди решенијата на Основниот суд Скопје 1 во врска со настаните во Собранието на Република Македонија на 27 април 2017 година.