Ана Павловска Данева: Законот за јазици не требаше да се носи без опозиција

- Закон од такво општествено и политичко значење не треба да се носи без присуство на опозицијата во Собранието, ниту пак во скратена постапка - вели професорка Ана Павловска Данева.

– Закон од такво општествено и политичко значење не треба да се носи без присуство на опозицијата во Собранието, ниту пак во скратена постапка – вели во изјавата за Фактор универзитетската професорка Ана Павловска Данева за новоизгласаниот закон за јазици што го усвои парламентарното мнозинство на СДСМ и ДУИ со 69 гласа за.

-Европското знаменце се чини никому не му е јасно зошто му беше прикачено – вели поранешната потпретседателка на СДСМ и пратеничка од редовите на оваа партија.

Владата на Зоран Заев ја именуваше проф. д-р Ана Павловска-Данева за член на ГРЕКО – Група на држави против корупција на Совет на Европа, како претставник од Република Македонија.