Пијан полицаец од Кочани ја малтретирал сопругата и дивеел дома со пиштол

Во Полициската станица Кочани вчера 38-годишната К.А.К. од Кочани пријавила дека била психички и физички малтретирана од нејзиниот сопруг М.К. .

Во Полициската станица Кочани вчера 38-годишната К.А.К. од Кочани пријавила дека истиот ден околу 16 часот била психички и физички малтретирана од нејзиниот сопруг М.К. (39) вработен во МВР. Имено, според пријавата, М.К. под дејство на алкохол почнал да и упатува сериозни закани дека ќе посегне по нејзиниот живот и по животот на нејзините најблиски, воедно барајќо од неа да си оди од дома и да го остави нивното седумесечно бебе.

Според добиени сознанија нејзиниот сопруг секој ден бил во алкохолизирана состојба и во повеќе наврати на сличен начин ја малтретирал психички и физички. На 03.12. минатата година, повторно под дејство на алкохол го извадил службениот пиштол и испукал неколку куршуми во дневната соба.

За настанот е известено ОЈО Кочани по чија наредба од М.К. е одземено службеното оружје и се преземаат мерки за расчистување на настанот. Во расчистување на случајот е вклучен и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.