САД депортираа поранешен офицер на Војската на Република Српска во БиХ

Јово Асентиќ беше депортиран од Чикаго во Босна и Херцеговина под сомнение дека ги лажел имиграционите власти на САД во врска со неговата улога во војната во 90-тите години.

Поранешниот офицер на Армијата на Република Српска, Јово Асентиќ беше депортиран од Чикаго во Босна и Херцеговина под сомнение дека ги лажел имиграционите власти на САД во врска со неговата улога во војната во 90-тите години на минатиот век во БиХ, соопшти американското Министерство за имиграција и странци (ICE).

Асентиќ во понеделникот е депортиран од САД во БиХ, пренесоа медиумите во БиХ, додавајќи дека американските власти во 2006 откриле дека тој неколкупати лажел за неговата улога за време на босанската војна.

Откако му биле предочени докази, тој признал дека билприпадник на Зворничката бригада помеѓу 1992 и 1996, а одлуката за негово депортирање била донесена во јануари 2016.

Тој е осомничен дека во јули 1995 како висок офицер бил задолжен за блокирање на еден од излезите на Сребреница, за време на нападот на српските сили на заштитената зона под контрола на ОН.

Имиграцискиот судија изјави дека лажните изјави на Асентиќ се „многу сериозн“, со оглед дека тој лажел од страв на забрана на влез во САД, но и затоа што лагата била во контекст на неговата воена служба за време на војната во БиХ.

Во декември 2017 година, владата на САД го обвини и Оливера Драгиќ (42) за имиграциска измама минатата година.